За нас
ОРГАНСКО МАСЛО ОД БОБИНКИ ОД СМРЕКА НА ХЕРБА НАТУРА
Херба Натура ДООЕЛ Скопје е производител на органско масло од смрека. Нашето органско масло се добива по пат на дестилација на бобинки од био смрека која расте во нај еколошкиот регион во Република Македонија – Малешевските планини. Собирањето на бобинките е исклучиво рачно, без употреба на механизација, со обучени и сертифицирани собирачи. Бобинките се сушат во природни услови и до моментот на дестилирање се складираат во контролирани услови. За процесот на дестилација се користи исклучиво природна изворска вода, за која постојано се прави анализа на квалитет.
Ние сме отворени за соработка со клиентите и нудиме различни можности. Можете да побарате од нас посебен режим на дестилирање (колку часа да трае дестилирањето на една шаржа бобинки) со цел да се добие квалитет на маслото кој е специфичен за вашите потреби. Можете да побарате од нас и посебен вид на пакување на добиеното масло од смрека, во поголеми или помали садови, во алуминиумски или пластични. За вас можеме да понудиме и пакување во стаклена амбалажа од 10мл., 20 мл., 50 мл., или 125 мл. Исто така, ви нудиме можност однапред да резервирате дел од нашето производство.
Херба Натура е современ и сериозен снабдувач на етерично масло од смрека во Република Македонија и ние сме во можност да ви понудиме постојано снабдување со овој наш производ, на годишно ниво. За сите прашања кои ги имате, за количините, методите за извоз и цените консултирајте се со нас на телефон или преку е-пошта. Станете наш долгорочен партнер, и вие први ќе ги добиете сите информации во врска со нашето планирано годишно производство.
ШТО Е СМРЕКА
Смреката (Juniperus Communis L.) е грмушкасто дрво, кое се препознава по кратките иглени листови, кои се цврсти, со зелено-сини боја, мали жолти цветови, црвеникав кора на стеблото и темно-сини плодови. Плодовите ги има само на женските дрвја. Ова дрво може да достигне височина и до 6 метри, а неговите гранки емитуваат мирис на комбинација од јаболко-лимони.
ЕСЕНЦИЈАЛНО МАСЛО ОД СМРЕКА
Есенцијалното масло од смрека се добива во процес на дестилација со водена пареа, а може да се дестилираат дрвото, листовите или бобинките од смрека. Сепак, маслото кое се добива исклучиво од бобинките, е со многу повисок квалитет отколку маслото кое се добива од листовите или дрвото на смреката. Herba Natura во процесот за добивање на есенцијалното масло, користи исклучиво органски зрели бобинки, од кои се добива нај квалитетното органско масло од смрека.
Маслото од смрека по својот мирис може да се дефинира како чисто, зачинето и малку дрвенесто или како свеж мирис на зимзелени дрвја. Тоа е проѕирно/безбојно и е со вискозитет на вода. Неговата релативна густина се движи од 0.857 до 0.876 единици.
Главните компоненти на есенцијалното масло од смрека се: α-Пинен; Сабинен; β-Пинен; β-Мирцен; α-Феландрен; Лимонен; Терпенин-4-ол; Борнил ацетат; и β-Кариофилен.
ПРИМЕНА НА ЕСЕНЦИЈАЛНО МАСЛО ОД СМРЕКА
Есенцијалното масло од смрека се користи во фармацијата при производство на одредени лекови; во козметиката за изработка на парфеми, креми и шампони; но и за производство на еден од најпознатите алкохолни пијалоци – џин. Своја примена ова масло наоѓа и во ароматерапијата, но исто така се користи и за масажа.
Маслото од смрека со неговите својства се користи при проблеми со црниот дроб, дебелината, ревматизмот, акните, кашлицата, чиревите и уринарните инфекции. Ова масло е силен диуретик, а помага и во намалувањето на целулитот, стресот, проблеми со памтење и болки во мускулите, а делува смирувачки и при ПМС.
ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА МАСЛО ОД СМРЕКА
Голем број на студии покажуваат дека монотерпенските компоненти од маслото ја зголемуваат отпорноста на организмот кон оксидативниот стрес.
Ова масло може да се употребува и со директно нанесување на кожата, при што тоа има дејство на тонизирање на кожата и ги чисти флеките од неа.
Во минатото, ова масло било користено за третирање на рани поради неговите антисептични карактеристики.
Маслото од смрека е многу корисно за третирање на респираторни инфекции, болки во грлото, артритис, замор и мускулни болки. Според научните истражувања, тоа поседува антифунгални, антибактериски и антиоксидантни активности.
Многу луѓе маслото од смрека го користат при проблеми со дигестивниот систем, како засилувач на дигестијата. Ова масло помага за поттикнување на секрецијата на дигестивните ензими и ја олеснува апсорпцијата на хранливи материи, масти и протеини од различни видови храна. Доколку сакате да го зголемите варењето на храната или да го исчистите црниот дроб, додадете неколку капки од маслото од смрека во вода или слатко како додаток во исхраната (внимавајте да користите исклучиво само со 100% чисто масло од смрека, со терапевтско ниво на чистота).
Маслото од смрека е многу ефикасно при проблеми со рефлуксна киселина и желудочна киселина (жиговина), при што ова масло може да се зема орално или пак да се користи надворешно со нанесување на тенок слој на местото каде се чувствува тегобата.
Најдобар начин за детоксикација на телото е преку мокрење, а маслото од смрека е со мошне голем потенцијал тука, бидејќи го забрзува времето на мокрење, при што организмот ги исфрла насобраните токсини, отпад и иританти надвор од дигестивниот тракт. Покрај тоа, благодарение на својствата и ефектите на маслото од смрека, тоа помага во борбата против стресот и чувствата поврзани со стресот и помага во борбата против емоционалната растроеност и желбата за храна.
Покрај тоа што е главна состојка во изработката на џин, исто така е клучен додаток на пијалаци, маринади, сосови и горчливи пијалоци. Маслото од смрека е исто така одличен природен конзерванс, бидејќи ги отстранува бактериите од храната.
Ова масло им помага на лицата кои страдаат од болки во мускулите, артритис, болки во зглобовите и коските, како и повреди, бидејќи во голема мера го намалува воспалението и ја намалува болката. Кога се користи за ослободување од болка и грчеви во мускулите, неколку капки масло од смрека се мешаат заедно со базично масло, а со тоа се масираат местата каде се чувствува болката.
ТЕРАПЕВТСКА УПОТРЕБА НА МАСЛО ОД СМРЕКА
Маслото од смрека е извонреден производ кој помага за ослободување на болки во мускулите и детоксификација, а истовремено поседува изразити антифунгални, релаксирачки, антиоксидантни, дигестивни и антисептични својства.
Со негово користење се поттикнува самосвеста, мирен сон, чувство на заштитеност и храброст. Оттука, ова масло е исклучително корисно за оние кои имаат кошмари, немирен сон и ирационални стравови.
Добро се меша со сандалово дрво, кедрово дрво, бор, лаванда, грејпфрут и други цитрусни масла, гераниум и рузмарин.